Со „Исцелител“ почнува филмскиот фестивал „Киненова“

Денеска започнува третото издание на филмскиот фестивал „Киненова“ со проекција на македонскиот филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески. Проекцијата на филмот е во 18 часот во кино „Фросина“ МКЦ, а цената на билетот е 100 денари.

Годинашното издание на „Киненова“ најмногу ќе се насочи кон норвешките остварувања. Натпреварувачкиот дел од фестивалот ќе се отвори со норвешкиот филм „Утоја – 22 јули“ на Ерик Попе.

Денес во кино „Фросина“, во 20 часот ќе биде прикажан и „Изборот на кралот“, исто така во режија на Ерик Попе. „Изборот на кралот“ е базиран врз вистинската приказна за трите драматични денови во април 1940 кога на кралот на Норвешка му е даден ултиматум од германските воени сили: Да се предаде или да умре!

Scroll to Top