Пејачот Иван Усовски ја објави својата прва песна „Не ме оставај сам“. Текстот го напиша неговата покојна сопруга Ангела Усовска која почина од рак во 2021 година. Музиката и аранжманот се на Игор Димовски, а спотот го снимија од продукцијата By Zati, на неколку локации во Охрид.
„Мојата сопруга го напиша текстот во 2013 година. Таа почина од рак во 2021, а јас сакав во нејзин спомен да ја објавам. Песната е за сите оние кои изгубиле некој близок во животот“, рече Иван, за „Репортер.мк“.