Избрани најлошите 11 фудбалери во првата фаза на Светско во Катар, во тимот се најде и Кристијано Роналдо

Откако заврши групната фаза на Светското во Катар беа избрани и најлошите 11 фудбалери. Во него се најде и некгоаш еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо. Изборот го направи сајтот Sofascore, кој ги пресмета просечните оценки на сите играчи на натпреварите во групната фаза.

dobivaj vesti na viber

Искусниот капитен на Португалија е најлошо оценет напаѓач во првата фаза на натпреварувањето, а друштво му прават и фудбалерот на Катар Алмоез Али. Инаку домаќинот Катар е најлош тим на турнирот според оценките, па така на овој список се најдоа дури четири нивни фудбалери.

Голманот Аиса Баршам е на голот, во одбраната е левиот бек Хоман Ахмед, во средниот ред Карим Будијаф и четвртиот е Али. Репрезентацијата на Србија ја нема во овој тим, затоа што одбраната беше полна со Костариканци, кои во два натпревари примија 11 голови. Оскар Дуарте и Франциско Калво како стопери, а друштво им прави и Канаѓанецот Алистер Џонстон.

Во средниот оред освен Будијаф и Метју Леки од Австралија, се најде и Ал Малики кој настапува за Саудиска Арабија и Тал Бјукенан, крилниот фудбалер на Канада.

Ова е најлошиот тим во групната фаза на Светското првенство Аиса Баршам (Катар), Ахмед (Катар), Калво (Костарика), Дуарте (Костарика), Џонстон (Канада), Бјукенан (Канада), Ал Малики (Саудиска Арабија), Будјаф (Катар), Леки (Австралија), Али (Катар), Кристијано Роналдо (Португалија).

 

Scroll to Top