Измерени рекордни температури, метеоролозите велат ова бил најтопол јуни

Податоците кои ги објавија американските научници во четвртокот, за температурите во месец јуни, покажуваат дека месец јули во 2019 година бил најтоплиот во изминатите 140 години.

Од Националната управа за океани и атмосфера (NOAA), соопштиле дека минатиот месец биле забележани рекордни температури. Претходно рекордот го држеше месец јуни во 2016 година.

Глобалниот климатски извештај за јуни покажува дека температурите на земјата и океаните се за 0,95 степени над просекот за 20 век, од 15,5 степени Целзиусови.

Според NOAA рекордно високи температури во месец јуни годинава, се забележани во делови во централна и источна Европа, Северна Русија, Азија, Африка, Јужна Америка и делови на Индискиот, Тихиот и Атланскиот океан.

Според најновите истражувања кои ги објавил британски „Гардијан“, до 2050 година, дури 77% од градовите минале ни драматична и потенцијална катастрофална промена.

Во секој дел од светот расте можност за метеоролошки појави кои досега не биле забелеажни и тоа за 22%. Истражувачите од институцијата „Краутер лаб“, заклучиле дека до 2050 година, градовите во северната хемисфера, кои се со моментална умерена и студена клима, во иднина ќе наликуваат на градови кои се околу 1000 километри оддалечени од екваторот.

Посебно погодени се европските градови, а според предвидувањата на научниците, Лондон до 2050 година, според температурите ќе биде како денешна Барселона, Москва ќе биде како Софија, а Стокхлом како Виена.

 https://reporter.mk/zagovor/do-2050-godina-planetava-ke-stane-kako-ognena-topka/
Scroll to Top