Ја освоија најголемата лотарија на светот, среќните добитници ќе поделат 2,24 милијарди евра

Денес во Шпанија беше доделена главната награда на националната божиќна лотарија, популарната „Ел Гордо“, која се смета за најголема на светот. Оваа година биле издвоени вкупно 2,24 милијарди евра, вклучувајќи ги и помалите награди. Останатите лотарии имаат поголеми поединечни награди, но Ел Гордо, која се одржува секоја година на 2 декември, е рангирана како најбогата на светот по вкупниот износ на награди.

Оваа лотарија се одржува секоја година од 1812 година, а првпат било извршено извлекувањето во Кадиз. Лотаријата не била прекината ниту за време на шпанската граѓанска војна, кога извлекувањето се одржало во Валенсија.

Божиќната лотарија, иако е вонредна, не се разликува од редовното извлекување. Ливчињата имале 100.000 комбинации – петцифрени броеви од 00000 до 99999. Бидејќи на едно ливче е можно да се испечати само една комбинација на броеви, ливчињата секоја година се печатат во повеќе серии.

Среќните добитници со тикетот број 26590 ја добија главната награда во вредност од 400.000 евра. Победничките тикети биле продадени во продавници во Тарагона, Саламанка, Аликанта, Барселона, Мадрид, Мурсија и Севиља.

 

 

Scroll to Top