Новогодишната и божикната декорација може да ја уредиме така да ни создава позитивна енергија во домот. Зимзеленото дрво симболизира долговечност и пријателство. Според фенг шуи-практикантите, триаглестиот облик се смета за симбол на оган, а најдобро место за овој симбол е во горниот лев агол од вашиот дом. Овој простор се смета за површина на богатството, а предметите составени од дрво се особено силни.
Поставувањето на новогодишната елка на ова место ќе привлече богатство и просперитет во вашиот дом.
Исто така, добро место за новогодишната елка се генерално сите агли или централниот дел од куќата, каде што ќе се стабилизира енергијата во текот на овие празнични сезони.
Во случај да сте ја поставиле елката на север, украсете ја со стаклени декорации во сина, бела, сребрена и златна боја.
Елката на запад или северозапад би требало да биде во бели, сребрени, златни или жолти тонови, а никако во црвени.
Во случај елката да се наоѓа на југозападниот или североисточниот дел од домот, поволни се декорации во жолти и црвени тонови и многу керамички украси, а белата и сребрена боја не се препорачуваат.
За да придонесеме до квалитетна поврзаност со семејството, пожелно е секој член да стави барем еден украс на елката, со оглед што со самиот тој чин ја поставува и својата лична енергија.