Булингот или врсничкото насилство е раширено секаде повеќе од кога било претходно. Многу често злоставуваните деца не се осмелуваат да зборуваат за тоа што им се случува, особено ако им се закануваат злоставувачите.
Затоа должност на секој родител и воспитно образовните работници е на време да препознаат дали со детето нешто се случува. Ако се реагира на време во раната фаза на таквите ситуации, исходот може да биде позитивен.
Ова се некои од знаците на кои таа предупредува и кои би требало да ги имаат во предвид сите родители и учители.
Детето е хиперфокусирано на учење, но не сака да оди во школо
Децата на кои им се случува ова обично многу се фокусираат на поучување и учење, па затоа се одлични ученици, но покажуваат психосоматски промени кога е време да одат на час. Тогаш ги боли стомакот и тоа не е нешто што го измислуваат бидејќи телото не знае да реагира поинаку.
2. Се менува неговиот однос кон сопствениот изглед
Особено кај девојчињата е видливо дека стануваат самосвесни за својот изглед, исхрана и облекување. Секое ненадејно отстапување од нормалното однесување може да биде знак за малтретирање.
3. Прикриена самоповредување
На децата во раниот пубертет упорно никнуваат мозолчиња многу рано, што може да биде еден од начините да се забележи целата ситуација. Има и влечење за коса, потстрижување, гризење нокти, гребење и чешање.
4. Желбата за промена на местото на седење
Детето често ќе бара од наставникот да го премести на друга клупа, односно колку што е можно подалеку од насилникот ако е во исто одделение. За жал, ова често не се препознава како очигледен повик за помош.
5. Барање совет од брат или сестра
Детето претходно ќе се обрати за совет или барем ќе даде некаков знак за тоа дека нешто не е во ред, дали тоа би било на брат му или сестра му, или некое друго постаро лице, но не и на родителите.
Затоа треба внимателно да се следат и односите меѓу браќата и сестрите.
„Родителот кој добар дел од времето го минува со своето дете и тоа како може да ги примети овие сите знаци. Не станува збор за нијанси. Детето го нема тој капацитет, да може на некој начин да го одглуми своето расположение. Децата се обидуваат на индиректни начини да им дадат до знаење на околината дека некој ги злоставува“, рече Леа Иванчиќ Жиц.
И затоа, кога ќе забележите некакво отстапување и промена на однесувањето на своето дете, реагирајте на време. Разговарајте со нив, со неговите учители, со стружните служби во школото.
Не дозволувајте таквите однесување да му ги препишувате на пубертетот, тврдоглавоста или непослушноста.