Кетрин Хигл цела со сало и целулит

Актерката Кетрин Хигл (39), која се прослави во улогата на преслатката докторка Изи Стивенс во една од најпопуларните серии „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), каде беше и една од поомилените ликови, беше забележана како ужива во родителството и семејниот живот на една од американските плажи.

Кај неа можеше да се забележи целулит и зголемен број килограми.

Кетрин е во брак со Џонсон Кели од 2007 година со кого има две посвоени ќерки, а во јануари 2017 година тие го добија своето прво биолошко дете.

Кетрин ги разочара своите обожаватели во 2010 година, кога си замина од серијата, раскинувајќи го договорот со телевизиската куќа „ABC“ затоа што имала премалку време за семејството.

Но набрзо потоа се покајала поради одлуката и посакала да се врати на актерската екипа.

 

Scroll to Top