Одлично одат со тестенини, компир пире, сезонска салата…
СОСТОЈКИ:
2,5 шолји брашно
1 лажичка прашок за печиво
сол
бибер
1/2 кг мелено јунешко
1 лажичка сув магдонос
1/2 шолја млеко
3 шолји ренано моцарела сирење
лут кечап
1 лажица мед
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Рерната загрејте ја на 200 степени, и во плиток плех ставете хартија за печење.
Измешајте брашно, прашок за печиво, сол и бибер, па додајте мелено месо, млеко, магдонос и моцарела и месете со раце додека смесата не се изедначи.
Правете ќофтиња и редете ги во плех, па печете ги во загреана рерна 25-30 минути. Пет минути пред крајот од печењето, на секое ќофте ставете лажичка мешавина од лут кечап и мед.
Послужете со тестенини, компир пире или сезонска салата.
Добар апетит!