Kокосовото масло и грозјето ја прават кожата помазна

Нахранете ја кожата на лицето со кокос и грозје и гледајте како несовршеностите и брчките исчезнуваат.

За кожата на лицето најдобри се маските од природни состојки кои можете да ги направите сами. Употребата на овошјето и зеленчукот за секојдневна нега на кожата не е новина. Доколку досега не сте ги користеле, ви препорачуваме да ги внесете во употреба.

Кокосовото масло е одлично за чистење на шминката, дејствува антибактериски, ја чисти проблематичната кожа и ја хидрира. Нанесете тенок слој на лицето, држете чиста крпа натопена во топла вода триесетина секунди, а потоа отстранете го вишокот од кокосовото масло.

За маската со грозје потребни ви се: десет зрна грозје, 2 лажички чај од камилица и 2 лажички пченкарно брашно. Помешајте чај од камилица и пченкарно брашно за да добиете паста, па здробете го грозјето внатре. Нанесете ја маската на лицето и оставете да стои 15 минути. По тоа, нанесете хидратантен крем.
Грозјето е богато со антиоксиданти и дејствува како превенција против стареењето. Освен тоа, содржи витамин Е.

Scroll to Top