Комета од времето на неандерталците на 1 февруари ќе помине покрај земјата

Кометата што последен пат поминала покрај земјата во времето кога неандерталците, во праисторијата, ќе помине повторно покрај земјата на 1 февруари оваа година. Станува збор за кометата „Ц/2022 Е3 /ЗТФ/“, која е од пред 50.000 години. На почетокот на февруари покрај Земјата ќе помине на растојание од 41,8 милион километри. Моментално е оддалечена од Земјата околу 178 милиони километри.

Иако кометата е доста стара за човечкото мерење на времето, таа официјално обеше окриена дури во март, лани. Научниците наведуваат дека кометата има зелена боја и жолта опашка составена од прав, пренесува „Дејли меил“. Астрономите велат дека кога кометата ќе помине покрај Земјата ќе биде видлива со голо око, под услов временските услови на 1 февруари да го дозволат тоа. Последната комета што беше видлива со голо око беше „Новис“, која лани во јули ги водушеви љубителите на астрономијата.

Scroll to Top