Корејска сонда тестира вселенски интернет на Месечината

Првата јужнокорејска лунарна сонда, Данури, испрати црно-бели фотографии од површината на Месечината и Земјата, објави Јужнокорејскиот вселенски центар.

Сондата Дунари беше лансирана во август од САД со ракета на „Спејс икс“, а беше ставена во лунарната орбита во декември по летот што траеше подолго за да заштеди гориво.

Фотографиите се направени од 24 декември до 1 јануари од височина од 120 километри од површината на Месечината, објави Корејскиот аеронаутички истражувачки институт.

Фотографиите и видеата ќе се користат за избор на локации за можна мисија на Месечината во 2032 година, се вели во соопштението.

Данури ја заобоколува Месечината за два часа.

Следниот месец сондата ќе започне со научна мисија за време на која ќе ја мапира и анализира површината на Месечината и ќе врши мерења на магнетната сила и гама зрачењето. Ќе тестира и експериментален вселенски интернет со испраќање фотографии и видеа на Земјата.

Освен што ќе испрати вселенско летало на Месечината во 2032 година, Јужна Кореја планира да испрати и вселенско летало на Марс до 2045 година.

Scroll to Top