Костуми, фотографии и лични предмети на Дејвид Боуви достапни за јавноста во музеј посветен на легендарниот пејач

Костуми, фотографии, писма и повеќе од 80.000 предмети од архивата на Дејвид Бувија испратени се во Музејот на Викторија и Алберт, во Лондон.

Создавањето на Центарот за изучување на уметноста на Дејвид Боуви во Источен Лондон ќе овозможи пристап до креативен процес на музички иноватори, културни икони, велат од музејот.

Овој центар ќе обедини парчиња, вклучително и рачно напишани текстови, писма, партитури, инструменти и награди, но и костумите од 1972 година.

Архивата на уметникот кој почина во 2016 година, исто така, вклучува 70.000 фотографии и негативи на фотографии.

„Музејот Викторија и Алберт е среќен што стана чувар на овие неверојатни архиви и што може да ги отвори за јавноста“, изјавил директорот на музејот Тристрам Хант.

Според него, радикалната иновација на Боуви преку музика, театарот, филмот, модата и стилот продолжуваат да влијаат на дизајнот, визуелната култура, да ги инспирираат модните креатори, како и помладите уметници.

Центарот ќе биде отворен благодарение на наследниците на Дејвид Боуви и донацијата од околу 11,4 милиони евра на Фондацијата на семејството и групата Ворнер Блавиник.

Scroll to Top