Котор прогласен за најубав град во светот

Има многу места на кои вреди да се обрне внимание, било да се тоа природни атракции или антички градови. Познатиот магазин врз основа на гласовите на своите патописци се обиде да направи листа на најубавите места во светот, а во предвид беа земени и дестинации од сите континенти.

Познатиот британски магазин „Тајм аут“ направи листа на најубавите места во светот. Меѓу најдобрите 30, се најде еден град од Црна Гора. На првото место на листата се најде Котор, како најубав град во светот, единствен по својата историја, убавина и неверојатна природна средина.

„Тајм аут“ вели дека Котор се наоѓа меѓу вода и карпи, како во триаголник. Средновековниот стар град Котор, со својата тврдина која ѝ пркоси на гравитацијата која цик-цак се движи на стрмните карпи над морето, има посебен шарм и романтизам што никого не остава рамнодушен.

Меѓу останатите дестинации, десетте најубави се Исланд, Ер Хеби од Мароко, Мон Сен Мишел од Франција, џамијата Шеик Зајед од Абу Даби и Ела од Шри Ланка. Има и Хајленд од Шкотска, Националниот парк Жангје од Кина и реката Стормс од Јужна Африка.

Scroll to Top