Крава се прошета помеѓу гостите во кафеана

Необичен настан се случил во Гацко, Босна и Херцеговина кога крава влегла во дворот на кафеана, и се прошетала меѓу масите на кафеана.

Посетителите на кафулето посегнале по мобилните уреди и ја фотографирале кравата.

Откако кравата испозирала продолжила по својот пат, а овој настан станал глава тема за прераскажување.

„Дното на цивилизацијата“, „Многу е веројатно дека кравата е најинтелигентното суштество овде“, „Секој ден нешто морбидно“, „Лудо е да се очекува нешто друго“, се само дел од коментарите под оваа објава на Твитер.

Scroll to Top