Еден од бившите бразилски репрезентативци, Џунињо заврши во болница. Поранешниот играч на Лион, кој беше познат по неговите голови од слободни удари од големо растојание, мораше да се оперира од кила. Неговото семејство со кого ја прослави Новата година рече дека се надева дека брзо ќе се опорави.
Џунињо поради здравствените проблеми не можеше да присуствува ниту на погребот на еден од најдобрите фудбалери, Пеле. Славата ја доживеа играјќи за Лион на почетокот на двеилјадитите години, а голманите најмногу го паметат по неговите слободни удари.
„Отсекогаш сум имал добар удар, но како дете немав доволни сила да шутирам директно од слободен. Играв футсал до 13 година и немав дадено многу голови. Тогаш почнав да тренирам од слободни. Живиот ѕид стоеше многу блиску па ретко поентирав“, рече Џунињо.
View this post on Instagram