Луѓето што користат знаковен јазик може да ги разберат гестикулациите на шимпанзата, тврдат научници

Луѓето кои користат знаковен јазик може да ги разбираат гестовите што дивите бонобо шимпанза ги користат меѓу себе, заклучиле истражувачи од новата видео-студија во која волонтери ги преведуваат гестовите на мајмуните.

Последниот заеднички предок што луѓето го делат со шимпанзата користел слични гестови за комуникација, а истражувањето укажува дека овие гестови можеби биле појдовна точка на човечкиот говор, покажува студијата спроведена од истражувачи на Универзитетот „Сејт Ендрус“.

Студијата е издадена врз основа на долги години набљудување на шимпанзата. Тие претходно открија дека големите примати користат лексикон од повеќе од 80 гестикулации, и секоја од нив испраќа одредена порака до друг член на групата.

„Познато е дека кај сите видови големи шимпанза има 95% преклопување на гестовите што ги користат за комуникација. Претходно имавме сомнеж дека способноста за гестикулирање ја поседувал и нашиот последен заеднички предок, но сега сме сигурни во тоа. Нашите заеднички предци започнале со гестикулирање, а потоа тоа преминало во јазик со говор“, изјавила професорката од универзитетот, д-р Кристи Грахам.

Scroll to Top