Луј Витон ја претстави првата колекција за бебиња

Луј Витон ја објави првата колекција за бебиња. Колекцијата се состои од комплетен асортиман на облека и додатоци за деца на возраст од три до 12 месеци, од секојдневно носење до облека за специјални пригоди.

Плетени панталони и комбинезони, боди, пижами, кошули, фустани, трикотажа и капути се едноставно неодоливи, исто како додатоците како чорапи, капи, чевли.

Колекцијата вклучува и низа детски предмети, како плишани мечиња, сребрени чаши, ќебиња, патни и тоалетни торби. Свое место доби и иконскиот багажник на Луј Витон, но сега е претворен во детска гардероба.

Посебно внимание се посветува на детали како копчиња од бисер, извезени мотиви, украси и шакард дезени.

Ткаенините се внимателно избрани и вклучуваат органски памук, сертифицирана кожа и кашмир и волна од добавувачи посветени на благосостојбата на животните, истакнува Луј Витон.

Со објавувањето на оваа детска колекција, Луј Витон објави дека ова е само прва од многуте, а втората колекција се очекува во септември.

Scroll to Top