Луксузната јахта на рускиот милијардер Роман Абрамович, „Мојот Соларис“, забележана е во пристаништето Мармарис во турската провинција Мугла.
Суперјахтата долга 140 метри, вредна околу половина милијарда евра, го привлекувала вниманието на локалното население каде и да се закотви.
Јахтата се градела шест години со цел, како што пишуваат медиумите, да ги исполни сите барања на Абрамовиќ, а има дури 48 кабини, хелиодром, базен, теретана и ресторани.