Хејли и Шон Леднер од САД добиле пет бебиња, од кои четири се идентични близначки. По два спонтани абортуси и дијагноза синдром на полицистични јајници, Хејли забременила со пет бебиња со интраутерина инсеминација во 2022 година.
Ваквиот природен феномен е реткост, којашто се случува еднаш на 60 милиони раѓања, и шансите да се забремени со идентична четворка се 1 на 15 милиони.
Хајли се породила со царски рез во болница во Мисисипи. Адалин Елизабет, Еверли Роуз, Мали Кејт, Магнолија Меј и Џејк Истон се родиле во 28-мата недела од бременоста и се во добра здравствена состојба. Најмалото бебе, Мали, тежело 760 грама.
„Сакавме да ја споделиме оваа приказна поради две причини: прво, затоа што веруваме дека тие се чуда кои ни се дадени од Бог, и второ, затоа што сакавме да го направиме тоа со надеж да им помогнеме на други парови кои се соочуваат со неплодност. Сакаме да знаат дека и за нив има надеж“, изјавиле Хејли и Шон.
Бременоста на Хејли е многу ретка, во литературата има само уште еден ваков случај од 2018 година.