Македонски и европски филмови овој јануари во Кинотеката

Два македонски филмови и еден филм од српска продукција ќе бидта прикажани на крајот од јануари во Кинотека. Дебитанскиот игран долгометражен филм „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески и „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска од денес се поставени на репертоароат на Кинотека .Исто така, во редовната соработка со Францускиот институт од Скопје, во јануари го прикажуваме филмот „Презир“ на Жан-Лук Годар, кој неодамна „замина“ на Елисејските полиња.

„Од Рајот“ е новиот наслов на сценаристот и режисер Срѓан Драгојевиќ.

Овие филмови ќе се најдат на репертоарот на Кинотека од денес (23 јануари), 25, 26 и 31 јануари во различни термини.

Инаку филмот на Ристески „Снежана на крајот умира“ имаше светска премиера на „Слемденс“ во САД, еден од највлијателните фестивали на независниот филм, а со неговата македонска премиера се затвори минатогодишното, 43-то издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.

„Најсреќниот човек на светот“, чиј косценарист е Елма Татарагиќ, имаше светска премиера во натпреварувачката селекција на програмата „Хоризонти“ на венециското Биенале, а потоа учествуваше на десеттина фестивали ширум светот.

„Од рајот“ е новиот наслов на сценаристот и режисер Срѓан Драгојевиќ. Во неговата сторија составена од три приказни за трите божји чуда играат Горан Навојец, Ксенија Маринковиќ и Бојан Навојец. Филмот премиерно беше прикажан на Интернационалниот филмски фестивал во Локарно, по што учествуваше на фестивалите во Котбус, СинИст, Балкан Панорама, Острава Камера Око, Валенсија. Филмот беше дел од официјалната програма 43. ИФФК „Браќа Манаки“ – 2022 во Битола: директор на фотографијата е Душан Јоксимовиќ, редовен соработник на Срѓан Драгојевиќ.

Scroll to Top