Македонскиот филм „М“ во режија на Вардан Тозија ќе го отвори „Синедејс 2023“

Скопската публика идниот месец ќе ужива во топлите летни вечери заедно со европските филмови во рамките на 22. издание на „Синедејс  фестивал“.

Фестивалот ќе биде отворен со македонскиот филм „М“ во режија на Вардан Тозија на 13. јули, а ќе го затвори „Бизнисот на задоволството“ во режија на Гоце Цветановски на 17. јули.

Проекциите на филмовите ќе започнат во 21 часот.

Од „Синедејс фестивал“ најавуваат топлото филмско лето, во паркот зад МКЦ и Кинотека.

Scroll to Top