Маск се откажа од птицата и го смени логото на „Твитер“

Првиот човек на „Твитер“, Илон Маск, се откажа од птицата и го смени логото на популарната социјална мрежа. Откако најави дека ќе се ослободи од него, Маск, белата птица ја замени со знакот X, кој го означува името на бизнисот во X Corp. Маск рече дека промената требало да се случи многу поодамна.

Додаде и дека твитовите во однина ќе се викаат „x’s“.  Според некои извори, Маск сака да создаде суперапликација многу слична на кинеската „ВиЧет“ која само во Кина има 1,29 милијарди корисници.

„Сакам да го променам логото на „Твитер“. Наскоро ќе им кажеме збогум на брендот „Твитер“ и постепено на сите птици“, рече Маск.

Новата извршна директорка на компанијата Линда Јакарино изјави дека ребрендирањето е возбудлива нова можност. Птицата во досегашното лого се викаше Лери, според кошаркарската легенда Лери Брд.

Scroll to Top