Мерцедес инспириран од „Аватар“

„Мерцедес-Бенц“ претстави концепт на автомобил што наликува на живо суштество, кој дизајнерски е инспириран од научно-фантастичниот филм на Џејмс Камерон, „Аватар“.  Мерцедесот беше претставен на саемот на технологија ЦЕС во Лас Вегас, при што кратенката во името значи „напредна трансформација на возило“ (Advanced Vehicle Transformation). Тој ја дава визијата на германската компанија за тоа како би можеле да изгледаат автомобилите во далечна иднина.

„Вижн АВТР“ е поимагинарна верзија на „vision EQS“, луксузниот автомобил на „Мерцедес“ што треба да се појави на пазарот во 2021 година. Двата модела се базираат на иста структура, која се карактеризира со долга кабина, кратки хауба и багажник и проширени врати. Дизајнот на АВТР е инспириран од светот на Пандора од „Аватар“ и нејзините сини хуманоидни суштества.

„Ние не сакавме да креираме автомобил, туку нешто што наликува на живо суштество. Создадовме футуристичко возило, чиј изглед потсетува на нешто што излегло од неверојатниот свет на ‘Аватар‘“, изјави главниот дизајнер на „Мерцедес-Бенц“, Гордон Вагенер.

 

Scroll to Top