Место кое се смета за совршена држава, нема пари, закони, автомобили и постојано владее хармонија

За местото Ауровил кое се наоѓа на југот на Индија, многумина го сметаат за совршена држава. Во оваа држава нема поделби и сите живеат во согласност со природните закони.

Необичниот град, односно држава е лоцирана во регионот Тамил Наду. Основан е во 1968 година како автономна држава-град, каде сè функционира во совршен ред, па дури и кога станува збор за политика, религија, образоввание, како и во сите други аспекти во општеството.

Од основањето во ова наизглед идеално место се крие само една цел, а тоа е мажите и жените од сите земји во него да се издигнат над политиката, вероисповедта и националноста и да живеат во напредок, мир и целосна хармонија.

Во ова место за кое се вели дека е град на иднината и слогата, живеат речиси 3000 жители. Претставува вистинска утописка локација. Тука луѓето од сите полови, професии и вероисповед и нации им е дозволено да живеат во мир и слога. Местото од УНЕСКо е прогласено за меѓународен град, а жителите кој во него живеат, потекнуваат од преку 50 земји во светот.

Кога станува збор за пари, тие не постојат. Луѓето употребуваат само картичка. Водата е во контрола на одбор, кој го сочинуваат жителите. Во овој град нема криминал, не постојат автомобили, а меѓу луѓето нема никакви класни поделби.

Жителите се занимаваат со одгледување на зеленчук и овошје, произведуваат свое млеко и повеќе видови на прехрамбени производи. Местото во целост е самоодржливо и самостојно.

Градот е основан како одговор на трендот на поделби во општествата кој во светот стана секаде присутен, како и на пренаселеноста и загадувањето на планетата, проблеми кои стануваат сè посериозни. Жителите самите си ги одредуваат правилата, ослободени од сите оптоварувања кои го кочат денешното општество.

Scroll to Top