Мохе е град во кој температурата се симнува до -53 и топлата вода замрзнува во воздухот

Температурите во најсеверниот град во Кина, Мохе паднаа на -53 степени Целзиусови, што е најстудената температура досега забележана, соопштија метеоролозите. Сместен во североисточната провинција Хеилонгџијанг, во непосредна близина на рускиот град Сибир, и познат е како „Северниот пол на Кина“ и е едно од ретките места во земјата што има субарктичка клима.

Температурата измерена таму на 22 јануари во седум часот наутро на првиот ден од лунарната Нова година била рекордни 53 степени под нулата. Последен пат толку студено било во 1969 година.

Во рускиот Јакутск, кој е познат по тоа што е најстудениот град во светот, температурите паднаа на -62,7 °C, најстудени во повеќе од две децении.

Зимите во Мохе се безмилосно студени и долги почнуваат на почетокот на октомври и често траат до мај. Кога е многу студено, ледената магла може да се појави и во Мохе – феномен што се случува само во екстремно ладни клими кога капките вода во воздухот остануваат во течна форма. Покрај тоа, таму може да биде толку студено што дури и топлата вода што се фрла во воздухот замрзнува.

Иако има екстремно ниски температури Мохе го посетуваат туристи кои сакаат да ги видат ледените атракции. На пример, во 2011 година, повеќе од 10.000 туристи дошле во Мохе за да ја набљудуваат поларната светлина. Автопатот што го поврзува оддалечениот град со главниот град Пекинг бил отворен во декември 2019 година со голема помпа, со што се олеснил пристапот на туристите како и на локалното население.

Но и околината на Мохе крие интересни работи. Името на провинцијата Хеилонгџијанг, изведено од кинеското име за реката Амур – Хеилонг ​​Џианг, во превод значи „река црн змеј“. Тој е главен град на провинцијата Харбин, познат по својот спектакуларен фестивал на снег и мраз. Поради суровата клима, градот на североистокот на Кина секоја година е домаќин на уметници кои се натпреваруваат во создавањето на скулптури од бајките – од сфинги и пирамиди, до импозантни коњи, до градби како замоци и ѕидини. Поради сето ова некои го нарекуваат замрзнатиот Дизниленд.

Scroll to Top