„Мојата голема дебела грчка свадба 3“ со премиера во септември

Премиерата на третото продолжение на „Мојата голема дебела грчка свадба 3“ е закажан на есен, стои во соопштението за печатот од продуцентската куќа на филмот, Фокус Фичрс. Во главните улоги остануваат Ниа Вардалос и Џон Корбет, како и Луис Мендилор, Елена Кампурис, Марија Вакрацис, Андреа Мартин, Гиа Каридес и Џои Фатоне. Како нови членови на актерската екипа се Елиас Качавас и Мелина Коцелу.

„Слаткото пријателство кое процвета откако продуцентите прво ме искористија, потоа прерасна во убава врска бидејќи ми ја доверија да го режирам овој дел од нашата франшиза. Го снимавме нашето семејно обединување целосно во Грција, што беше возбудливо за сите нас. Плус, јадевме бесплатно“, изјавила режисерката Вардалос.

Сè уште нема детали за заплетот на новиот филм, но „Мојата голема дебела грчка свадба 2“ од 2016 година ја следеше приказната за Тула Портокалос-Милер и нејзиниот сопруг Иан години по нивниот брак и додека нивната ќерка се пријавува на колеџ.

„Мојата голема дебела грчка свадба 3“ ќе се прикажува во кината на 8 септември 2023 година.

Scroll to Top