Морган Фримен: престанете да го користите терминот „Афроамериканец“ кога зборувате за луѓе од црната раса

Познатиот американски актер Морган Фримен во интервју што го даде за Тајмс се осврна на прашањето за бојата на кожата и го осуди терминот Афроамериканец.

„Тоа е навреда, јас не го прифаќам тој термин. Црните луѓе се нарекувани со секакви имиња. Бојата на кожата на повеќето црнци во овој дел од светот се од мешани раси. Покрај тоа, го користите терминот Африка како да е земја, а всушност е континент, како Европа“, изјавил 85-годишниот актер.

Во интервјуто, Фримен се осврна и на прославата на месецот на историјата на црните, исто така познат како месец на историјата на Афроамериканците, велејќи дека тој исто така го смета за навреда.

Патем, тоа е годишна прослава која се одржува во САД во февруари и ги повикува сите Американци да размислат за значајните улоги што луѓето со темна кожа ги одиграле во обликувањето на историјата на САД.

Scroll to Top