Во Скопје по четврти пат од 11-ти до 13-ти мај ќе се одржи Скопскиот градски фестивал на неколку локации во градот.
На фестивалот ќе настапат музичари од Хрватска, Србија и Албанија. Фестивалот е во организација на „Баги комуникации“.
На отворањето во кино Фросина во МКЦ ќе настапат хрватскиот џез музичар и продуцент Елвис Станиќ и квартетот „Albanian Jazz Society“, составен од некои од најпознатите албански џезери.
Во големата сала на Филхармонијата концерт ќе одржи ѕвездата на регионалната етно сцена Биља Крстиќ со нејзиниот „Бистрик оркестар“.
На 13 мај во камерната сала на Филхармонијата, Бобан Мирковски ќе го промовира својот најнов музички проект насловен „Албум“, кој содржи 12 македонски композиции изведени на пијано.