На 100-тиот кат од зграда во Њујорк се отвори лизгалиште

Во Њујорк е отворено лизгалиште на 100-тиот кат од комплексот згради „Хадсон јардс“. Лизгалиштето „Еџ“ е највисокото лизгалиште на отворено во светот.

Лизгалиштето е со површина од 95 квадратни метри и ќе биде отворено до 14 март. „Еџ“ овозможува уникатен поглед на Њујорк.

Лизгалиштето е отворено од 10 часот наутро до 20 часот навечер, а секој четврток и петок има диџеј во живо во последните три часа.

Билетите се ограничени, а можете да резервирате само 30 минути лизгање.

„Еџ“ ја има највисоката палуба на отворено небо во западната хемисфера, која се протега на 65 метри од 100-тиот кат на „Хадсон јардс“.

Scroll to Top