Сепак, неговата желба можеби нема да се оствари набргу затоа што Хари неодамна рече дека неговото враќање во Британија би можело да претставува ризик за неговото семејство.
Тој рече дека не може да се врати дома откако со одлука од кралското семејтво му беше одземено правото на лична заштита што ја имаат членовите на кралското семејство.
Британските медиуми пренесуваат дека Хари и Меган ќе се обидат да присуствуваат за време на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата во јуни.
Се претпоставува дека Хари на кралското семејство му ветило дека ќе присуствува на комеморацијата на својот покоен дедо принцот Филип во Вестминстерската опатија, која е планирана за април.
Хари одлучи и да ја тужи британската влада и поднесе барање за судско преиспитување на одлуката за што би можел да се најде и на суд.
Како што тврдат извори блиски до кралското семејство, принцот Чарлс имал неколку видеоповици со Хари, Меган и со нивните деца во последните неколку месеци.
„Принцот од Велс е тажен што нема можност да помине некое време со внуците. Тие му недостигаат многу“, велат изворите.
Тие додаваат дека тој се надева оти Хари ќе ја прифати поканата и дека со Меган и децата ќе дојде да престојува кај него.