На манекенка и пукнал силиконот во градите, па итно се оперирала

Канадската старлета и манекенка Мери Магдалена се пофали со своите гради од 38 J, но еден од силиконите и експлодирал, поради што морала да направи уште една операција на градите.

„Ова се моите нови гради, тоа е голема промена, но навистина ми се допаѓаат“, напишала Мери покрај фотографијата по операцијата, на која се гледа нејзината драстично намалена големина.

Мери им открила на своите следбеници дека платила 30.000 за операцијата по пукањето, но не открила дали се работи за американски или канадски долари.

Покрај градите, Мери има и бразилско подигнување на задникот и филери во образите и усните. Мери вели дека пукањето на силиконот се чини дека поттикнало поприроден изглед, па откри дека наскоро ќе ѝ се разградат филерите во образите и усните.

И покрај тоа, таа често објавува фотографии со стари импланти.

„Поставувањето слики од моите XXL гради не значи дека не ми се допаѓаат новите, ниту пак ми недостигаат старите“, напишала таа.

Scroll to Top