Модниот бренд H&M објави фотографија која јавноста ја оцени како расистичка. Набргу потоа, модниот бренд се извини за фотографијата објавена во нивниот онлајн каталог на која едно црномурно момче носи блуза со натпис „најкул мајмун во џунглата“.
Фотографијата на која е прикажана облека од новата колекција предизвика гнев на социјалните мрежи, но исто така и во медиумите.
Кратко потоа, фотографијата беше отстранета од интернет-страницата на модниот бренд, на која останаа фотографии од две слични блузи, односно со сличен натпис, што ги носат бели деца.
Фотографијата прв ја објави колумнистот на „Њујорк тајмс”, Чарлс М. Блоу.
„Дали сте надвор од умот?“, напиша тој на „Твитер“.