Најмладиот патник кој загина во подморницата сакал да го собори гинисовиот рекорд, да реши Рубикова коцка на 3.700 метри под морето

Најмладиот член од туристичкиот екипаж во подморницата „Титан“, деветнаесетгодишниот Сулеман Давуд се приклучил во авантурата за посета на Титаник само за да ја исполни неговата желба, да го собори Гинисовиот рекорд да реши Рубикова коцка на 3.700 метри под морето, открила неговата мајка.

Меѓу жртвите беа татко и син, а мајката на загинатиот млад човек открила како двајцата заминале на оваа експедиција. Нејзиниот син се пријавил да го собори Гинисовиот рекорд и со себе зел Рубикова коцка, додека сето тоа требало да го сними неговиот татко.

„Во тој момент не разбрав што може да значи. Сè само тргна надолу”, рекла мајката.

Таа додала дека нивното семејство го планирало ова патување и претходно, но се е одложено поради пандемијата, а како што рече, тој никаде не одел без Рубиковата коцка, која можел да ја реши за само 12 секунди.

„Рече, ќе ја решам Рубиковата коцка на 3.700 метри под морето, кај Титаник“, раскажала мајката на Сулеман Давуд.

Scroll to Top