Најскапиот вид лимони во светот се одгледува во градот Љушња во средишна Албанија. Сортата „Citrus australasica“ која е позната и под името „кавијар лимон“ или „прст лимон“ потекнува од Австралија и се продава по 87 евра за килограм по нарачка во познатите ресторани во Европа, објави Албанската радиотелевизија.
Љушња е единствената област од ова поднебје каде што посебната разноликост на австралискиот микроцитрус се прилагодила на почвата и климата. Земјоделецот Клодијан Хида првите лимони од оваа сорта почнал да ги одгледува уште пред пет години во село близу Љушња, а првично родот го користел тој и неговото семејство.
Хида засадил 270 корени од три подвида „лимон кавијар“. Плодот е исклучително баран на странскиот пазар, особено во Италија и Франција.