Течноста од сурутка, која се добива од кравјо млеко при изработката на сирење е богата со минерали, витамини, аминокиселини, протеини и други соединенија кои се здрави за организмот. Бидејќи е течност, сурутката брзо стигнува до сите органи, а поради ниската pH-вредност, пренесувањето до органите е многу брзо и ефикасно.
Овој народен лек го закрепнува црниот дроб и ги чисти отровите од телото.
Во еден литар сурутка може да се најдат дури 360 килокалории што е половина од калориите кои може да ги пронајдеме во еден литар свежо млеко. Сурутката во себе содржи и белковини. Минералите кои ги има во сурутката го одржуваат тонусот на клетките, спречуваат висок крвен притисок, мозочен или срцев удар.
Протеините од сурутката спречуваат остеопороза, го регулираат холестеролот, го запираат делувањето на забниот камен, ја зголемуваат мускулната маса, го јакнат имунитетот, го намалуваат стресот и најважното го регенерираат црниот дроб.
Интензивната исхрана со сурутка доведува до побрза регенерација на болните места во организмот.
Сурутка можете да направите и дома. Еден литар млеко ставете да зоврие. Во топлото млеко додадете сок од лимон. Потоа оставете течноста да се излади. Откако ќе се излади, ставете ја во шише, па чувајте во фрижидер.