Научниците на Марс открија нешто што наликува на книга

Научниците велат дека на површината на Марс откриле нешто што многу наликува на книга. Го снимил роверот на Марс, Curiosity минатиот месец, а експертите велат дека највероатно станува збор за камен, кој има создадено форма на книга со отворени страници.

Ова ново откритие велат дека ги оставило без зборови. Некои пак од тимот на Curiosity се пошегуваа дека нивниот робот и почнал да ја чита книгата.

„Само малку читам. Мојот тим мисли дека ова камче со уникатна форма наликува на отворена книга со лисја што се движат низ ветрот“, напишале тие на „Твитер“.

Сличноста на каменот со книгата е вистинско уживање за научниците. Велат дека каменот е долг неколку инчи и дека има невообичаена форма и дека е формиран највероатно од ерозија.

„Поради ветерот, помеката карпа е издлабена и останале поцврстите материјали“, објаснија тие.

За потсетување, роверот Curiosity на Марс е повеќе од една деценија.

Scroll to Top