Неделен хороскоп: Бикот ќе решава важно прашање, девицата ќе ги плаќа грешките од минатото, а за скопрпиите ќе има многу пари

Овен

Наредната недела ќе бидете принудени да превземете драстични чекори. Успехот нема да изостане. Ќе го постигнете она што сте го посакувале. Немојте да мислите дека тоа ќе помине незабележано од страна на вашите надредени. Партнерот ќе ве импресионира. Сега е време кога сте во одлична фаза во врската. Задржете го мирот и љубовта која ја имате. Бидете спонтани и непредвидливи. Среќата е на вашата страна. Се чувствувате добро, но постои можност за настинка. Избегнувајте ги луѓето колку е можно повеќе. Најдобрите денови ќе ви бидат вторникот и четвртокот.

Бик

За биковите ова не е најдобро време за забавување и влегување во врска. Но, добро е ако сакате да ја зацврстите веќе постоечката и да го решите вашето стамбено прашање. Постои можност за несогласување околу плановите за заеднички живот, немојте да гаите илузии дека работите можат да се решат брзо. Ќе биде потребен напор. Обидете се да не ги критикувате родителите на брачниот партнер, затоа што тоа нема да заврши добро. На работа нема да имате големи промени. Тешко ќе држите чекор со колегите, затоа што се преокупирани со сопствените грижи. Најдобрите денови ќе ви бидат понеделник и петок.

Близнаци

Ќе ве привлетуваат патувањата и авантурите, а дури и ако не заминете некаде далеку, тоа ќе ви помогне да се раздрмате и да се извлечете од состојбата на лежерност во која западнавте во последно време. Можно е на ова патување да запознаете некоја интересна личност, а оние зафатените ќе имаат можност да си ги поправат проблемите во врската. Ова е многу добар период за сите видови на посреднички шеми. Широк круг на познаници ќе ви помогнат да го развиете бизнисот. Горните дишни патишта, како и рацете ќе ви бидат пречувствителни. Најдобрите денови ќе ви бидат петок и сабота.

Рак

Неделниот хороскоп од 15 до 21 август ги предупредува раковите да не дозволат другите да им ја црпат енергијата. Покажете емпатија, но, бидете директни и кажете што не ви се допаѓа. Оваа недела можно е парите да ги потрошите бесмислено, на работи кои не ви се потребни. На деловна страна ве очекуваат зацврстување на финансиската состохба и потпишување на профитабилни договори. Профитот не ви бега, само внимавајте да не станете себични и алчни во сето ова. Проблеми со забите и непцата, а веројатно и болка во грлото е она што ве чека неделава. Најдобрите денови ќе ви бидат вторник и среда.

Лав

Ова е одлично време да се забавувате и да започнете нова врска, но и да ја обновите старата, под услов да сте свесни за грешките кои сте ги направиле во минатото. Ако покажете иницијатива, ви се насмевнува убава и романтична врска. Во семејниот живот работите ќе се одвиваат глатко, ако го направите првиот чекор кон помирување и исправување на грешките кои претходно сте ги направиле. Проектите кои сте ги започнале ќе добијат поттик, а околностите ќе работат за вас. Водете сметка за грлото. Најдобрите денови ќе ви бидат четврток и недела.

Девица

Дојдено е време да ги подмирите сите долгови и да платите за грешките од минатото. Сосема е можно да ве сожали некоја стара љубов. На овој или оној начин собраните грешки ќе ви ја одбележат неделата и ќе влијаат на вашето однесување. Оваа недела нема да биде период во кој ќе уживате. Деловната ситуација ви е сосема спротивна во однос на емотивната. Ќе ви се нижат успеси, а важно е да не се колебате и да истраете во реализацијата на сите планови. Најдобрите денови ќе ви бидат понеделник и недела.

Вага

Дојдено е време за позитивни промени во вашиот живот, пред сè на љубовен план. Ова е одличен момент за обновување на љубовта и зацврстување на врската. Важно е само вашиот партнер да не го угушите и да бидете желни на компромис. Не се плашете да експериментирате во кревет. Зацврстете ја страста и ќе видите колку тоа ќе ви значи за врската. Ова е одличен момент за размена на мислења со колегите. Ќе биде многу продуктивно, а идејата која ќе произлезе од ова, дебело ќе ја наплатите. Потколениците ви се ранливи. Најдобрите денови ќе ви бидат четврток и сабота.

Скорпија

Во наредната недеќа ќе бидете во центарот на проблемите кои не се директно поврзани со вашиот личен живот, но, сепак ќе имаат влијание во него, но, не позитивно. Во семејството ве очекуваат конфликти за кои ќе биде потребно време да ги решите. Одмерувањето на силите во рамките на фамилијата ќе се заостри, но, не смеете да дозволите другите да ве вовлечат во нивните долгогодишни конфликти. На работа ќе се истакнете, ќе нижите успеси и ќе ве очекуваат голем број награди. Потрбени ќе ви бидат пари и тоа ќе ве направи среќен. Најдобрите денови ќе ви бидат четврток и петок.

Стрелец

Оваа недела ќе ви биде нагласена кога станува збор за среќата и љубовта. Најдете време за опуштање во друштво на саканата личност, а најдобро би било да тргнете на пат. Целата недела ќе ви биде поволна во секој поглед. Слободните ќе најдат симпатија и ќе им се отворат големи шанси за влез во една убава врска. Зафатените можеби и ќе се свршат. Генерално ве очекува забава, смеење и убави моменти. На работа ќе се истакнете. Ако планирате деловно патување во странство, не го одложувајте. Најдобри денови ќе ви бидат среда и недела.

Јарец

Оваа недела ќе ви ја одбележат брачните проблеми. Нема да видите крај на расправиите. Тешко ќе можете да го поправите односот со партнерот. Нема да има разбирање меѓу вас и ќе се чувствувате како да сте во ќорсокак. Најдобар начин за да ги решите проблемите, колку и да ви звучи банално, е преку креветот. Тензијата ќе исчезне и ќе можете да разговарате. Ситуацијата на работа не ви е идеална. Посебно ако очекувате зголемување на плата или награда за добро одработената работа. Наместо тоа ќе наидете на долгови и ќе бидете принудени да барате финансиска помош од пријателите. Најдобрите денови ќе ви бидат среда и четврток.

Водолија

Веројатно ќе се појават недоразбирања и одредени пропусти во односот со партнерот. Иако ќе имате порив први да попуштите, не би требало да го направите тоа. Двајцата сте виновни за проблемите, а секоја страна би требало да повлече рачна. Обидете се да најдете заеднички јазик. Во овој период би требало да се воздржите од алкохолот, особено ако на тој начин ги лечите постоечките проблеми. Бегството од реалноста само ќе ги влоши работите. Можеби би требало да се откажете од некои идеи, затоа што постои ризик дека работите ќе ви паднат во вода. Најдобри денови во неделата ќе ви бидат понеделник и вторник.

Риби

Неделниот хороскоп од 15 до 21 август ги советува рибите да не тагуваат затоа што се без љубов и партнер.И покрај животните проблеми, обидете се да не ги заострувате односите со другите и да не го пренесете на нив вашето незадоволство. Двојките може да минуваат низ катарза, а некои ќе се соочат со сериозни искушенија. Ако ви е грижа за вашата врска, борете се за неа. На работа ве чека еден куп документација која е важно да ја завршите. Можни се инспекции, а од вас зависи која оценка ќе ја добиете. Најдобри денови ќе ви бидат понеделник и недела.

Scroll to Top