„Нефликс“ ги намали цените за претплатниците од Македонија

Телевизиската платформа „Нетфликс“ ги намали цените за претплата во Македонија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Словачка и Бугарија.

Основниот пакет сега е со цена од 4,99, наместо 7,99 евра. Стандарниот пакет кој чинеше 9,99, сега е намален на 7,99 евра, додека премиум пакетот кој беше 11,99 сега чини 9,99 евра.

„Нетфликс“ првпат ги намалува цените во која било држава.

Платформата е достапна во над 190 земји и има над 200 милиони претплатници.

Scroll to Top