Ненадејно почина српската актерка Марија Стеваниќ

Српските медиуми објавија дека ненандејно починала младата актерка Марија Стеваниќ од Парачин.

Нејзиниот сопруг Бранислав Стојановиќ со потресна порака која ја објави на Фејсбук се прости од Марија.

„Љубов моја, прости ми. Овој пат не стигнав на време. Ти не беше родена за овој свет, не те заслужува“, напиша тој на Фејсбук.

Покрај сопругот, Марија Стеваниќ зад себе ги остави и двете малолетни деца.

Актерката неретко објавуваше видеа на социјалните медиуми каде, покрај талентот за актерска игра, ја покажуваше својата љубов кон танцот и рецитирањето.

Scroll to Top