Нијанса на кафеава, нов тренд во бојадисување на косата

Најмодерната боја на коса во 2023 година го прави лицето да изгледа помладо и посвежо.

Станува збор за специјална нијанса на кафена боја. Оваа боја веќе можеме да ја видиме кај светските инфлуенсери и познатите дами, а ги прави да изгледаат помладо.

Бојата е комбинација од светло-кафеави, бакарни и златно-жолти нијанси што резултира со многу богат тон на кафена боја со црвени и златни рефлексии.

Прамените треба да бидат неколку нијанси посветли од коренот и природната боја на косата, а може да се направат во неколку тонови. Со оглед на тоа што прамените содржат неколку бои кои суптилно се испреплетуваат, оваа боја е лесна за одржување, а нема потреба често да се фарба косата.

Scroll to Top