Норвешкиот крал Харалд за роденден го доби подарок моторот што го возел пред 70 години

Норвешкиот крал Харалд Петти на својот 86. роденден на подарок од вработените во кралската палата доби мотоцикл. Станува збор за мотоцикл којшто пред 70 години го добил за роденден, но кусо потоа го продал.

Тој на својот 16.роденден, добил син мотор како роденденски подарок од својот татко. Харалд како мал принц го возел моторот на шведскиот производител до 1955, кога добил возачка дозвола за автомобил. Подоцна тој роденденскиот подарок го продал.

Во дворецот лани имало изложба на возила што ги користеле норвешките кралеви низ годините, па монархот Харалд, кој е на престолот од 1991 година, во прашал – дали некој знае каде завршил неговиот прв мотоцикл „Хускварна 30 спорт“.

Како што соопшти кралското семејство, моторот изминатите месеци бил повторно пронајден, по што следеле и неопходните прегледи и поправки. Потоа му било предадено на кралот со првичната регистарска табличка.

Scroll to Top