Нотр Дам повторно ќе биде отворена на крајот на 2024 година

Реконструкцијата на катедралата Нотр Дам во Париз се одвива брзо и повторно ќе биде отворена за посетителите и верниците на крајот на 2024 година, соопштија француските официјални лица. Делови од нејзиниот кров беа уништени во пожарот кој ја зафати во 2019 година.

„Кулата на катедралата која се урна, постепено ќе почне повторно да се појавува годинава и тоа ќе биде силен сигнал за нејзино оживување“, рече армискиот претставник задолжен за проектот, генерал Жан-Луј Жоржелин.

„Враќањето на кулата на небото во Париз, според мене, ќе биде симбол дека победуваме во „Битката кај Нотр Дам“, додаде за „Асошиетед прес“.

Самата реконструкција почна минатата година и по повеќе од две години работа споменикот ќе биде доволно стабилен и безбеден за занаетчиите да почнат да го обновуваат.

Властите одлучија да го обноват споменикот од 12 век, ремек-делото на готската архитектура и да го вратат во првична состојба.

Ова го вклучува повторното создавање на 93-метарската кула, која беше додадена во 19 век од архитектот Ежен-Емануел Виоле-ле-Дик.

Во меѓувреме, бесплатна изложба наречена „Нотр Дам де Пари: Во срцето на градилиштето“ ќе биде отворена за посетителите во вторник во подземен објект пред катедралата.

На изложбата ќе бидат претставени тековните работи на локацијата, како и некои остатоци од пожарот и уметнички дела од катедралата.

Генералот Жоржлин рече дека катедралата повторно ќе биде отворена во декември 2024 година, како што и кажа францускиот претседател Емануел Макрон непосредно по пожарот. Секој ден во главниот град и ширум земјата, околу 1000 луѓе работат на обнова на Нотр Дам, рече Жоржлин.

Филип Јост, генералниот директор на владината агенција која ја надгледува реконструкцијата, рече дека резултатите ќе бидат верни на оригиналната архитектура и затоа што се држат до формите кои недостигаат на катедралата и до материјалите и конструкцијата од средниот век.

За потсетување пожарот во катедралата Нотр Дам изби на 15 април 2019 година, во доцните попладневни часови под кровот на катедралата, а беше изгаснат 15 часа подоцна. Во пожарот изгоре кровот и кулата на кровот, а внатрешноста на катедралата, горните ѕидови и прозори беа тешко оштетнеи.

По помалку од 12 часа од почетокот на пожарот беа собрани повеќе од 900 милиони евра донации за обнова на истата од целиот свет.

Scroll to Top