Новак Ѓоковиќ ќе може да игра на УС опен

Новак Ѓоковиќ најверојатно ќе може да игра на УС Опен, откако тамошните власти најавија дека ќе ја укинат вонредната состојба воведена заради короната. Забраната за влез во земјата за сите невакцинирани се очекува да се случи на 11 мај кога ќе биде укината и вонредната состојба.

Доколку работите се одвиваат според планот, Ѓоковиќ ќе може да игра без никакви проблеми. Сепак ќе ги пропушти Мастерс турнирите оваа пролет „Индијан Велс“ и „Мајами“. Но тоа нема да му наштети, затоа што на нив не играше ни минатата година, па ќе остане со идентичен број освоени бодови.

 

Scroll to Top