Опра Винфри покажа послаба фигура од кога било на доделувањето на наградите „Златен глобус“

Опра Винфри се појави на црвениот тепих на 81-то доделување на „Златните глобуси“ во Беверли Хилс, а сите беа маѓепсани од нејзината витка фигура.

69-годишната водителка заслепуваше во тесен виолетов фустан додека позираше во хотелот Беверли Хилтон.

Откако ТВ ѕвездата ослабе повеќе од 20 килограми, многумина се запрашаа која е тајната на нејзината витка линија.

Таа јасно нагласи дека не користела лек за слабеење кој во последните месеци станува се попопуларен меѓу оние кои сакаат да изгубат вишок килограми.

Scroll to Top