Отворено кафуле во кое посетителите може да галат гуштери и змии

Во кафуле во Малезија посетителите освен што ќе пијат кафе, ќе можат да галат најразлични видови на влекачи. Малезискиот обожавател на влекачи, Јап Минг Јанг се надева дека посетителите на неговото кафе ќе прифатат змии и гуштери, бидејќи сакаат кучиња и мачки.

Тие ќе бидат сместени во стаклени терариуми. Овие видови обично се одгледуваат во земјата.

Посетителите на кафулето, вклучително и деца, ќе можат да ги држат и галат животните додека нарачуваат пијалоци и храна.

„Луѓето се грижат само за животни со крзно, мачки, кучиња, но луѓето секогаш ги занемаруваат влекачите и змиите“, изјавил Јап.

Тој се занимава со екологија и е дел од малезиската заедница заинтересирани за херпетологија – проучување на влекачи.

„Се надевам дека, на јавноста ќе и покажеме колку се интересни, да ги осигураме дека тие ќе имаат добро искуство со влекачите“, вели Јап.

Малезија е земјата во Југоисточна Азија, се карактеризира со богат биодиверзитет, но исто така е и главен извор на нелегална трговија со диви животни.

 

Scroll to Top