Панорамско тркало од мраз е нова атракција на најголемиот светски фестивал на ледени скулптури

Најголемиот светски фестивал на скулптури од снег и мраз се отвори по 39. пат во кинескиот град Харбин. Оваа година атракции за туристите се ледена лизгалка долга 500 метри и панорамско тркало во облик на снегулка високо 122 метри, што е новина на фестивалот.

Ледениот свет во Харбин е направен на површина од 810.000 квадратни метри и содржи стотици кули, замоци, скулптури и други забавни атракции за посетителите.

Целиот мраз за правењето на овој леден град доаѓа од локалната река Сонгхуа. Работниците сечат блокови мраз од реката и со недели ги транспортираат до местото на фестивалот, пред да бидат обликувани.

Фестивалот вообичаено трае до крајот на февруари, зависно од временските услови.

Scroll to Top