Паравелосипедистот без две раце кој освои светска титула за подарок доби рачен часовник

Шпанскиот паравелосипедист Рикардо Тен Аргилес, кој по петти пат ја освои титулата светски шампион во Глазгов, за награда доби вреден рачен часовник.

На Рикардо му се ампутирани двата горни екстремитети и нема да може да ја носи наградата, но рече дека е среќен за наградата и со насмевка им позираше на фоторепортерите.

Го исплази и јазикот за да покаже дека не е навреден од наградата пренесоа медиумите.

Scroll to Top