Песната на Констракта подобра од Зандаја на најпопуларниот сајт за текстови на нумери

Деновиве главна тема во регионот и светот е српската пејачка Ана Ѓуриќ, која настапува под името Констракта, откако беше избрана да ја претставува својата земја на Евровизија во Торино, Италија. Нејзината песна со „чуден“ текст и настап,„In Corpore Sano“ веќе стана огромен хит на Јутјуб, па се најде прва на листата на најслушани песни во регионот и пошироко.

Таа се најде и на најпопуларниот сајт за текстови на нумери, Genius, меѓу двете песни на американската актерка и пејачка Зендаја, која ја игра главната улога во мега популарната серија „Euphoriа“. Па таа се ја сподели целата листа од 10 најбарани песни, вклучително и песната на Констракта, на својот инстаграм-профил.

Покрај нивните песни, на листата се и нумерите на познатите странски изведувачи како Канје Вест, Ед Ширан и Камила Кабељо.

„Среќна сум што на луѓето им се допадна настапот, која беше многу евтин – леген и неколку реквизити од сајтот ‘купувам-продавам’“, открила Констракта неодамна во една емисија.

 

Scroll to Top