Иако Дизниленд е место од соништата, сепак, постојат одредени работи што не смеете да ги правите додека сте таму.
1. Забрането е носење селфи стапови
Со селфи стаповите и дроновите може да се направат најубавите фотографии од паркот, но ова задоволство им е скратено на посетителите.
2. Забранет влез за посетители со истакнати тетоважи
Во Дизниленд не се добредојдени луѓе со истакнати и видливи тетоважи на телото. Доколку забележат дека имате тетоважа, ќе мора да го напуштите паркот или да ја прикриете тетоважата на соодветен начин.
3. Забрането е трчање
Дизнилед сака да уживате во нивните паркови, но пешачејќи. Освен што посетителите не можат да трчаат, не може да возат ни тротинет, велосипед или ролери.
4. Забрането е хранење животни
Во Дизниленд не смеете да ги храните животните низ целиот парк, дури ни птиците.
5. Не прескокнувајте го редот
Едно од најстрогите правила во Дизнилед е дека мора да стоите во ред додека чекате да купите билети. Доколку се обидете да поминете побрзо, многу е веројатно дека ќе ве избркаат.